Поврзете се со нас

Англија

Поранешна ѕвезда на Ливерпул: Слот е на исто ниво со Клоп и Мурињо

Објавено

на

foto:twitter.com/JacobsBen

Арне Слот ќе го води англискиот великан Ливерпул во натпреварувачката 2023/2024 или поточно тој беше избран за наследник на Јирген Клоп што дефинитивно не е мала работа.

Холанѓанецот досега има работено само во својата земја каде најголемите успеси ги постигна со Феенорд, но ова е друго ниво и постојат дилеми, се поставуваат прашања дали тој ќе може да го издржи притисокот, дали ќе успее да го задржи Ливерпул на самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.

Времето ќе даде одговори на оваа тема, а во меѓувреме имаме коментари за поддршка од стручни лица како што е Луи Ван Гал. Ван Гал има позитивно мислење за Слот, став кој го дели и некогашната ѕвезда на „црвените“, Џини Вајналдум.

Ван Гал даде краток коментар за тренерскиот избор кој го направи Ливерпул

-Во Арне Слот, мислам дека Ливерпул навистина доби одличен наследник. Фактот што сите тие не го знаат Слот во Англија не е воопшто проблем. На почетокот на оваа сезона тренирав неколку дена во Феенорд и таму видов како функционира Слот. Тоа беше на многу високо ниво, мислев дека е навистина одлично.

-Можам да го споредам со Клоп и Мурињо и потоа да кажам дека Слот е на исто ниво. Да, тој сега доаѓа во сосема поинаков свет, тоа е точно. Но, тоа не значи дека тој не може таму да го направи она што го направи во Феенорд?, -вели Вајналдум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни