Поврзете се со нас

Франција

Поранешна ѕвезда на Ливерпул сега игра за само 3.500 евра во Франција: Не ми се исплати, но……

Објавено

на

Foto:x.com/girondins

Енди Керол своевремено беше голема фудбалска ѕвезда и Ливерпул плати 40 милиони евра за да го доведе на „Енфилд Роуд“, но по неговиот престој во Ливерпул, кариерата му доживеа сериозен пад.

Екс англискиот репрезентативец долго се мачеше да си пронајде нов клуб по последниот престој во Амиен, а од пред извесно време реши да игра фудбал во четвртата лига во Франција.

Керол потпиша за францускиот великан Бордо кој поради финансиски проблеми и банкрот испадна во чеетврта лига, па поради сложената ситуација, Англичанецот прифатил да игра за „жирондинците“ за месечна плата од само 3.500 илјади евра.

Напаѓачот кој некогаш заработуваше милиони фунти во Премиер лигата сега се задоволува со многу малку, бидејќи единствена цел му е да ужива во играта која ја сака.

– Јас сум фудбалски вљубеник и многу го сакам фудбалот. Да бидам искрен, не ми се исплати да играм за Бордо, тоа ме чини пари, но за мене најважно е да играм фудбал. Јас сум најсреќен кога сум на теренот, ништо друго не е важно. Сакам да бидам дел од историјата на овој голем клуб, не се врти се околу парите. Никогаш во мојата кариера парите не биле приоритет, – вели Керол во интервјуто за „РМЦ Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни