Шпанија
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Во мое време никогаш не би го одбрал Реал пред премиерлигаш

Лорен беше дел од легендарната генерација на Арсенал која освои премиерлигашка титула без пораз, а голем дел од својата кариера мина и во Шпанија.
Како актуелен технички координатор на ФИФА за развој на фудбалот во Африка, поранешниот камерунски репрезентативец зборувал и за дебитантската сезона на Џуд Белингам во Реал Мадрид, но и шансите кои тој ги имал да настапувал за овој клуб.
– Сме виделе многу квалитетни играчи кои отишле во Реал и се загубиле во тој дрес.
– Постои голем притисок кој доаѓа со дресот на Реал, но Белингам изгледа комфорно, сака таков притисок.
– Лудо е што има само 20 години, а веќе постигна пет гола во Ла Лига, постигна гол за победа на дуел од ЛШ, она што најмногу ми се допаѓа за него е инстинктот кој го поседува да биде на вистинско место во вистинско време, – вели Лорен.
Камерунецот бил прашан дали на возраст на Белингам би прифатил понуда од Реал.
– Во мое време, не можевте да играте за Реал на таа возраст бидејќи клубот немаше толку трпение. Така што, во мое време нема шанси да го избереш Реал Мадрид пред Премиер лигата, но сега шпанскиот клуб ја промени стратегијата и им дава шанса на помлади фудбалери, – вели Лорен.
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 22 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек
-
Италијапред 21 час
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)