Поврзете се со нас

Свет

Поранешениот напаѓач на Арсенал потпиша за ПСВ и откри: Моите родители ме напуштиле на 2 години, а сега ми бараат пари за издржување!

Објавено

на

Foto:x.com/PSV

Лукас Перез го напушти прволигашкиот фудбал во 2023-та година со цел да се врати во саканиот Депортиво и да му помогне во обидот да избори промоција во повисок ранг, а откако лани заедно со соиграчите се пласираа во шпанската Сегунда, искусниот напаѓач оваа зима донесе една сосема неочекувана одлука.

Перез соопшти дека мора да си замине од „Риазор“ поради приватни и лични проблеми и стави крај на фудбалската бајка со клубот од Ла Коруња, а со цел да замине што подалеку од Шпанија, како слободен агент потпиша за ПСВ.

Шпанецот беше промовиран во Ајндховен и позираше со боите на новиот клуб, но откако го направи тоа, за шпанските медиуми ја откри и причината поради која си заминал од Депортиво.

– Како мало детенце, пораснав со баба ми и дедо ми, родителите ме напуштилте кога сум имал две години. Ме оставиле во сиропиталиште бидејќи не можеле, или не сакале да се грижат за мене. Оваа сезона доживеав шок, мојот татко поднесе тужба, барајќи да му плаќам алиментација до крајот на животот. Тоа навистина многу ме погоди и затоа се доведе во прашање и мојата играчка кариера.

– Се мислев дали да продолжам, но решив да се оттргнам од Шпанија и да продолжам да играм. Баба ми и дедо ми ме земале од сиропиталиште и ме одгледаа, но за жал не можеа да бидат долго со мене колку што сакаа. Моите родители тргнале по друг пат, а сега бараат пари од мене кога тоа им е потребно. Животот на еден професионален фудбалер не е така лесен како што многумина замислуваат, – потенцира Лукас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни