Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен тренер на Барселона ќе ја води Севилја

Објавено

на

foto: x.com/SevillaFC

Севилја имаше навистина разочарувачка сезона во која заврши на 14. позиција во Примера, далеку од местата кои водеа во европските купови во натпреварувачката 2024/2025.

Повеќе од јасно беше дека овој тим ќе претрпи промени по крајот на кампањата со тоа што веќе е преземен првиот конкретен чекор и официјализиран е стратегот кој ќе го замени Кике Санчез Флорес. Местото на искусниот Санчез Флорез ќе го заземе 49-годишниот Франциско Хавиер Гарсија Пимента за кого ова ќе биде најголем предизвик во досегашната тренерска кариера.

Тој долго време беше во Барселона каде работеше со млади категории и со Б тимот за да од 2022 година ја извршува позицијата прв човек на Лас Палмас, тим кој го внесе во првата лига и на кој му обезбеди опстанок во елитната шпанска конкуренција во штотуку завршената сезона.

Сега се сели во Севилја со која договори соработка до јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни