Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Поранешен светски шампион во снукер во предвремена пензија

Објавено

на

Питер Ибдон реши да се повлече од снукерот, објавувајќи предвремен крај на кариерата поради здравствени проблеми.

Поранешниот светски шампион откри дека има хроничен проблем со вратот, а докторите му дале опција да избере меѓу крај на кариерата или ризична операција која може и да му ја искомплицира ситуцијата.

Ибдон триумфираше на Светското снукер првенство во „Крусибл“ во 2002 година, победувајќи го легендарниот Стивен Хендри во драматично финале со резултат 18:17, а неколку пати се најде и во Топ 3 на ранкингот на професионални снукер играчи.

– Имав болки уште од Божиќ, а докторите ми кажаа дека доколку се оперирам, ризикувам да останам во инвалидска количка до крајот на животот. Во моментов можам да одам и зборувам, болката се намали, но за мене ова е крајот на карирера, – изјавил Ибдон, кој последен пат победи на ранкинг турнир во 2012 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни