Поранешен светски шампион: Барселона е просечен тим, Дортмунд е јасен фаворит

sanco-keln

Утре на „Сигнал Идуна Парк“ се игра еден од најинтересните мечеви од првата рунда во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд против Барселона.

Дуелот се игра од 21 часот и истиот се очекува да понуди многу возбудувања, голови со оглед на напаѓачките квалитети на двата состави како и фактот што играат офанзивно. Според обложувалниците благ фаворит е гостинот од „Камп Ноу“, но тој став не го дели поранешниот германски репрезентативец Олаф Тон.

Некогашниот член на Баерн Минхен и Шалке смета дека во моментов Барселона не е на посакуваното ниво или поточно верува дека „милионерите“ се големи, јасни фаворити на натпреварот.

-Дортмунд има огромна задача уште на стартот [од сезоната во Лигата на шампионите], но би рекол дека се јасни фаворити против Барселона. Шпанците ја победија Валенсија со 5-2 минатиов викенд-без Лионел Меси-но мислам дека тие се просечни во моментот. Барселона сè уште се обидува да го пронајде својот идентитет. Стартот на ЛШ на домашен терен е голема шанса за голем резултат и да се добие поголем интензитет за борба за титулата со Баерн [Минхен] и РБ Лајпциг, -порача Тон кој со Германија стана светски шампион во 1990 година.

Facebook Коментари