Англија
Поранешен судија предложи драконска казна за Митровиќ по лудувањето на „Олд Трафорд“ (Видео)

Александар Митровиќ имаше целосно помрачување на „Олд Трафорд“ и се исклучи откако судијата покажа црвен картон за менаџерот Марко Силва и соиграчит Вилијан, па на крајот и тој им се придружи на предвремено туширање поради постапката која следеше.
Србинот ги загуби нервите и физички го турна судијата Кавана, кој потоа ми покажа директен црвен картон и Фулам остана без тренер и со девет фудбалери на теренот.
Ова му овозможи на Јунајтед да направи пресврт и да се пласира во полуфиналето на ФА Купот, но јасно е дека тука работата не завршува за Митровиќ, кој сега ќе биде сериозно испрашуван од страна на ФА.
Прогнозите се дека Митровиќ ќе добие драконска казна за лудувањето на театарот на соништата, а поранешниот судија Марк Хелси бара да добие казна од 10 натпревари.
– Менаџерот Марко Силва всушност е иницијална каписла за однесувањето на Митровиќ. Тој треба да биде пример за играчите, но наместо тоа, тој иницираше нешто поголемо.
– Митровиќ физички го нападна Кавана и тоа не смее да се толерира. ФА мора да ги штити судиите во вакви ситуации и треба да додели казна од 10 натпревари. Мора да постават пример со жестока казна за Митровиќ. Очекувам да се случи такво нешто, – вели Хелси за „Сан“.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)