Поранешен стопер на Јунајтед: Роналдо го фрустрираше Ван Нистелрој, Фергусон никогаш…

ronaldo-nistelroj

Џонатан Спектор не се изнаигра како играч на Манчестер Јунајтед, но сепак поранешниот стопер на „ѓаволите“ имаше можност цели три години да соработува со врвни фудбалски имиња, како и да научи нешто повеќе од легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Спектор беше дел од силниот тим на Јунајтед од 2003-та до 2006-та година, а меѓу другото, го фати и времето кога популарниот Ферги успеа да направи страшен играч од најголемиот португалски талент Кристијано Роналдо. Американецот кој сега игра за Хиберниан потенцира дека најголемиот квалитет на Фергусон е тоа што знае како треба да постапува и да се однесува со секој играч, а кога е во прашање Роналдо, вели дека никогаш не видел како му вика за одредени погрешни одлуки.

– Роналдо не беше од почеток комплетен играч, неговата сегашна верзија се уште беше далеку. Понекогаш можевте да го видите Руд Ван Нистелрој како е комплетно фрустриран од Роналдо, бидејќи не знаеше до кога ќе ја држи топката во своите нозе, пред да ја испрати во шеснаесетникот. Неговите движења го бунеа Нистелрој, но уште тогаш се гледаше дека неговото знаење со топката ќе направи да биде специјален играч. Беше играч кој ги фрустрираше соиграчи, беше продукт кој се уште не е завршен. Многу им должи на соиграчите од Јунајтед и на тренерот за играчот кој е денеска. Ферги е неверојатно интелигентен, знае како да зборува со секој играч. Никогаш не видов како му вика на Роналдо. Не поради тоа што тој имаше специјален третман, едноставно знаеше која е најдобрата форма за да го извади најдоброто од него, – вели Спектор во интервјуто за „Дејли меил“.

Facebook Коментари