Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен стопер на Барса за „Меси правилото“ на „Камп Ноу“: Не смеевме да го допреме на тренинзите

Објавено

на

Foto:twitter.com/ogcnice

Жан Клер Тодибо ја врати кариерата на вистински пат и успеа да напредува по комплицираниот период кој го имаше во Барселона, каде ретко добиваше шанса и на крајот беше ослободен од страна на каталонците.

Талентираниот стопер успеа да се наметне во Ница и дури се врати и на поширокиот список на француската фудбалска репрезентација, па се почесто се поврзува и со трансфер во Премиер лигата.

Тодибо има само 23 години и брзо се рехабилитираше од лошиот период кој го имаше со неколку позајмици од Барселона, клуб од кој сепак има и уникатни и посебни сеќавања кои ќе ги носи со себе до крајот на животот.

Французинот последно реши да открие и една анегдота поврзана за Лионел Меси, фудбалер за кого важело едно основно и важно правило на тренинзите на каталонскиот гигант.

– Во Барселона не ни дозволуваа да го допреме Меси на тренинзите. Знам дека звучи лудо, но тоа беше вистината. Моравме да бидеме посебно внимателни со него. За мене тоа беше разбирливо. Тој е најдобриот меѓу најдобрите и никој не сака да остане без него на тренинг, – вели Тодибо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни