Поврзете се со нас

Германија

Поранешен стопер на Баерн со интересен коментар: Манџукиќ ме „убиваше“ на тренинзите, мораше да реагира и Гвардиола

Објавено

на

Поранешната голема надеж на Баерн Минхен, а сегашен фудбалер на тим кој игра во третата германска лига, Уердинген, Јан Кирхоф во јавноста изнесе интересни детали од неговото време поминато во Баерн Минхен.

Кирхоф игра на стоперската позиција и многумина му предвидуваа одлична кариера кога во 2013 година од Мајнц направи трансфер во Баерн Минхен.

Сепак, фудбалерот не се снајде најдобро во Минхен, па следуваа трансфери во Премиер лигата, каде исто така разочара, а сега игра во третата германска лига.

Сега 29 годишниот играч се сети на тренинзите кои ги имал во Баерн Минхен под водство на Пеп Гвардиола. Кирхоф откри дека му било навистина тешко да игра против Марио Манџукиќ затоа што Хрватот бил бескомпромисен и постојано одел агресивно на противниците, дури и на тренинг.

– Тренинг натпреварите против Манџукиќ значеа болка. Секогаш одеше максимално, кој и да сакаше да ја шутне топката, тој му беше на нога. Не само мене, тоа го правеше на сите дефанзивци, им скокаше на грб, беше агресивен. Ни на тренинзите не поднесуваше порази.

– Јас бев дефанзивец и на секој тренинг одеше на мене. Беше тешко да се тренира со него, физички те казнуваше.

– Се уште се сеќавам кога Гвардиола му кажа да успори и да не биде толку агресивен на тренинзите, -изјави Кирхоф.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни