Поврзете се со нас

Балкан

Поранешен српски фудбалер извршил самоубиство во Белград

Објавено

на

Поранешниот српски фудбалер, Милјан Мрдаковиќ денеска се самоубил во стан во Белград, потврдила полицијата.

Мрдаковиќ го направил кобниот потег со револвер и тоа во присуство на својата девојка, која побегнала од станот и го пријавила случајот.

Полицијата го затекнала телото на 38-годишниот Мрдаковиќ со прострелна рана во главата, по што само е констатирана неговата смрт.

Мрдаковиќ е роден во Ниш, а откако почнал да тренира во Раднички, набргу се преселил во Партизан, по што уште на 18-годишна возраст се преселил во Андерлехт како голем потенцијал.

Сепак не доби вистинска шанса во првиот тим, па подоцна настапуваше во многу европски земји, привремено враќајќи се во Србија, а последен клуб му беше ОФК Београд. Мрдаковиќ настапувал за српската репрезентација во сите младински категории, а има настан и на Олимписките игри во Пекинг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни