Поврзете се со нас

Англија

Поранешен советник на Сити: Ако обвиненијата бидат потврдени, екипата ќе оди во понизок ранг

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити допрва ќе одговара за дури 115 прекршувања на правилата на финансискиот фер-плеј, а поранешен соработник на клубот смета дека евентуалната казна за актуелниот шампион ќе биде голем удар за тимот на Пеп Гвардиола.

Поранешниот финансиски советник на клубот, Стефан Борсон во изјава за „ТокСпорт“ тврди дека ако независната комисија ги потврди обвиненијата, тогаш Сити ќе биде исфрлен од Премиер лигата.

– Она за што е обвинет Сити е на друго ниво во споредба со другите клубови (Евертон, Нотингем). Нема сомневања, дека екипата најмалку ќе заврши во понизок ранг.

– Сугестиите се дека клубот правел измама десет години наназад, односно пријавените спонзорски договори од 50-60 милиони фунти во реалноста тежеле најмногу 8 милиони фунти.

– Клубот измамил и вклучил во оваа измама многу соработници, агенти, федерацијата, УЕФА и уште многу други структури. Ако не го исчистат своето име, ќе биде голем проблем, – изјавил Борсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни