Поврзете се со нас

НБА

Поранешен соиграч од Чикаго го прозва Џордан за „кокаин циркусот“: Ова е братство, навистина се налутив

Објавено

на

Серијалот „Последниот танц“ кој ја опишува последната сезона на Мајкл Џордан во Чикаго Булс е вистински хит меѓу сите вљубеници на кошарката, но наспроти сите позитивни коментари, документарецот добива и одредени критики и истите пристигнуваат од поранешни соиграчи на човекот кој многумина го сметаат за најголем кошаркар на сите времиња.

Прв се јави Тони Кукоч кој после двете одгледани епизоди порача дека не му се допаднало тоа што повеќе се зборувало за заткулисни нешта отколку за успехот на Чикаго, а последен се огласи Крег Хоџс. Играчот кој му беше тимски колега на Џордан од 1988-ма до 1992-ра година потенцира дека воопшто не му се допаднала првата епизода од серијалот, или поточно делот во кој Ем-Џеј откри како налетал на соба полна со соиграчи кои уживале во кокаин, марихуана и голи жени.

Хоџс смета дека со исповедта на Џордан се нарушува приватноста на сите негови соиграчи од тоа време, па го потсети Мајкл дека во НБА кошарката доста важна улога има зборот „братство“.

– Една од работите кои ние играчите постојано ги потенцираме е „братството“. Ја гледав првата епизода и се вознемирив и налутив за споменатиот „кокаин циркус“, – вели Хоџс за „Фокс Спорт“.

– Навистина ме налути тоа, бидејќи ми дојде сликата од браќата кои сега треба да им објаснуваат на семејствата и своите деца за она што го слушнале во документарецот на Мајкл Џордан. Не е лесно да му се објасни тоа на 12-годишно момче, – заврши Крег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни