Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен соиграч на Модриќ: Луѓето не го сакаа кога дојде во Реал

Објавено

на

Фото: https://x.com/realmadrid

Лука Модриќ е инспирација за помладите фудбалери во редовите на Реал Мадрид, а деновиве добил комплименти и од еден поранешен и не толку успешен играч на „кралскиот клуб“.

Хесе Родригез од различни причини не успеа да го потврди својот потенцијал на „Бернабеу“, но имаше можност да работи со Модриќ, кој во клубот од Мадрид пристигна во 2012 година.

– Едноставно, Модриќ е неверојатен.

– Се сеќавам дека кога дојде во Реал, луѓето не го сакаа премногу. Но, Мурињо им порача дека допрва ќе бидат за каков играч се работи.

– Тој е голем фудбалер и супер личност, погледнете го голот кој неодамна го постигна. Не е лесно да се направи такво нешто на таа возраст во Реал, – рекол Хесе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни