НБА
Поранешен соиграч на Леброн: Џордан имаше само една работа, никогаш не сум…
Мајкл Џордан со документарецот „Последниот танц“ повторно на големо се врати во кошарката како во НБА така и низ светот.
Многу коментари има за досегашните епизоди, секако воедно се споделија и многу настани, анегдоти плус од тоа време, се навратија спомени, но имаше и такви кои го искористија ова да порачаат дека не го сакаат Џордан и дека не е најдобриот на сите времиња.
Тоа го направи капитенот на шампионскиот тим на Детроит, Ајзеа Томас кој беше предводник на генерацијата на „лошите момчиња“, а сега својот став за Ем Џеј го сподели Ченинг Фрај.
Фрај е поранешен соиграч на Леброн Џејмс со кого во Кливленд во 2016 година ја освоија НБА титулата.
-Нема да лажам, не бев фан на Џордан. Јас сум од Феникс, јас сум човек на Баркли, Кевин Џонсон, Ден Марли. Па колку и сите да се шокирани, јас никогаш не сум го имал Џордан на листата на најдобрите играчи. Го имам Леброн пред Мајкл.
-Тој имаше само една работа, тоа беше да дава кошеви. Во тоа беше фантастичен, имаше неверојатен процент. Ама не верувам дека неговиот начин на победа би можело да се пренесе на тоа што е денеска. Играчите не би сакале да играат со него, -порача Фрај.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 5 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 5 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 20 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик