Шпанија
Поранешен соиграч на Кавани од Наполи го откри вистинскиот клуб за Уругваецот
Единсон Кавани ова лето ќе биде слободен да избира каде ќе ја продолжи својата кариера откако неговиот договор со ПСЖ дојде до крајот.
За Аргентинецот има голем интерес од неколку клубови ширум светот, а најмногу во јавноста се споменува името на Атлетико Мадрид.
„Душекчиите“ уште во јануари сакаа да го ангажираат Кавани, но тогаш не успеаја во намерата, за сега да добијат сериозна конкуренција за неговиот потпис.
За Кавани се интересираат и Интер, неколку клубови од Премиер лигата, но и клубови од Аргентина и Кина кои се подготвени да му понудат солидни финансиски примања за да го убедат играчот да потпише за нивниот тим.
Сепак, поранешниот соиграч на Кавани од Наполи, Андреа Досена смета дека најдобра опција за Уругваецот ќе биде тој да ја прифати понудата на Атлетико Мадрид.
– Иако веќе е во години, не треба да размислува за пензија. Читам дека има две опции, а тоа се Атлетико и Интер. Тоа се одлични клубови кои ги водат одлични тренери кои се во состојба да го извадат максимумот од еден играч.
– Лично би сакал да се врати во Италија и да го видам во тандем со Лукаку, тоа би било интересно, но сепак мислам дека треба да го избере Атлетико. Со Симеоне би уживал во уште неколку феноменални години, -заклучи Досена.
-
Лига на шампиони14 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Свет13 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија24 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Англија15 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона
-
Германија7 часа
Лорис повторно во најлошо светло: Кариус со страшен кикс му пресуди на Шалке 04 (Видео)