Поврзете се со нас

Свет

Поранешен соиграч на Ибрахимовиќ откри: Го мрази Кавани, а мрази и уште четири други играчи

Објавено

на

Емилијано Инсуа по неговиот трансфер во Лос Анџелес Галакси откри дека соиграчите од клубот не го поднесувале препотентниот Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот важи за еден од највообразените играчи во фудбалот, а неговиот однос во соблекувалните му донел и многу „непријатели“.

По Инсуа, сега со свој коментар се јави уште еден играч на ЛА Галакси, кој за разлика од Инсуа ја делеше соблекувалната со Ибра.

Станува збор за Микаел Сијани кој истакна дека имал добар однос со Златан и потврди дека зборувал и на теми кои не се експонираат во јавноста.

– Златан во кариерата мразеше три или четири играчи. Го прашав за односот со соиграчите и тренерите во ПСЖ кога дојде во Галакси. Ми кажа дека со сите имал добар однос освен со Кавани кого не го поднесува.

– Ми рече дека мрази три или четири играчи и дека Кавани е еден од нив. Секој кој бил близок со Кавани во ПСЖ автматски бил против Ибрахимовиќ, -изјави Сијани.

Ибра и Кавани четири години ја делеа соблекувалната во ПСЖ, а потоа Швеѓанецот се реши за нова авантура на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни