Поврзете се со нас

Германија

Поранешен соиграч го повика Ројс во МЛС: Ќе му ја отстапам и капитенската лента

Објавено

на

foto:twitter.com/BlackYellow

Марко Ројс вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Борусија Дортмунд, а повторно остана без можноста да му се израдува на трофејот во Лигата на шампионите.

Германскиот ветеран наскоро треба да донесе одлука поврзана со неговата иднина, а поранешен соиграч го повикува во МЛС.

Ројс и досега беше поврзуван со ангажман во САД, но доби и конкретна сугестија од голманот на Сент Луис, Роман Бурки.

– Зборував со Марко и пред финалето, но секако не на тема трансфер, тој беше фокусиран на натпреварот.

– Сепак мислам дека МЛС е одлична опција за него. Не би сакал да му одредувам тим, но ќе се обидам да го убедам да дојде во Ст. Луис, иако за такво нешто потег треба да повлече и раководството, – рекол Бурки, кој дополнил и дека ќе му ја понуди капитенската лента на Ројс, ако тоа е цената која треба да се плати за тој да дојде во еден од поновите МЛС клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни