Поврзете се со нас

Олимписки игри

Поранешен шпански репрезентативец воодушевен од француски ракометар: Никогаш не сум видел вакво нешто

Објавено

на

Ракометниот турнир на олимписките игри во Токио стигна до натпреварите по кои ќе бидат распределени медалите, а во битката за златото ќе се соочат Франција и Данска.

Досегашните натпревари донесоа квалитетен ракомет, а се истакнаа одредени играчи кои доминираат и во статистичките показатели.

Сепак, она што посебно го воодушеви поранешниот капитен на Барселона, Виктор Томас е ефектот на францускиот репрезентативец Иго Деска.

Актуелниот стручен коментатор твитна дека „ефектот на Деска е неверојатен и никогаш не видел такво нешто“, а коментарот се однесува на фактот што Французинот по шест одиграни натпревари има 29 постигнати голови од 30 упатени удари и истовремено 14 реализирани седмерци од исто толку обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни