Поврзете се со нас

Репрезентација

Поранешен руски репрезентативец со јасен став: Македонија е тежок противник

Објавено

на

Руските медиуми на големо зборуваат за можните противници за „Зборнаја“ во плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар.

Откако ја испуштија шансата преку Хрватска да се пласираат на Мундијалот, од Русија сега сакаат да го „фатат последниот воз“ и преку бараж средбите да обезбедат виза за во Катар.

Според многумина, најидеален противник за полуфиналето е репрезентацијата на Македонија која сите ја гледаат како аутсајдер.

Сепак, Александр Самедов кој е некогашен руски репрезентативец смета дека и нашата селекција нема да биде лесен противник иако на хартија важи за аутсајдер во споредба со останатите противници.

– Сите тимови се тешки, секој ќе сака да се бори. Според мене, во Полска би имале најтежок ривал, но во секој случај секако ќе биде тешко со сите репрезентации, дури и со Македонија. Сепак, не се случајно во плеј-офот, -изјави некогашниот играч на Спартак и Локомотив Москва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни