Поврзете се со нас

Свет

Поранешен ривал од Ла Лига го плукаше Меси на теренот, Лео го „спушти на земја“: Не знам кој е тој…… (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси се врати на терените после паузата која ја имаше на клупски план, но рано утрово не беше форсиран од Лионел Скалони и доби шанса од клупата за резерви.

Аргентинскиот капитен влезе на стартот на вториот дел и учествуваше во минималната победа над Парагвај со резултат 1:0, но реалноста е дека истиот можеше да биде и доста повисок.

Меси двапати ја тресеше рамката од голот и за малку ќе постигнеше гол од корнер, но во финишот од средбата влезе и во една вербална пресметка со поранешен ривал од Ла Лига.

Антонио Санабрија имаше што да му каже на најдобриот аргентински играч, но покажа и уличарски манири и го плукаше Лео додека овој беше свртен со грб.

Видеото брзо стана вирално, а поранешниот играч на Бетис беше „спуштен на земја“ токму од Меси кој се јави со дрска изјава.

– Да бидам искрен, не видов што се случило, соиграчите и кажаа дека еден од нив ме плукнал. Не го ни знам тоа момче, но нема да му давам дополнително внимание. Доволно му е што видеото излезе на сите страни и ќе мора да дава објаснувања на сите страни. Сега ќе стане популарен….., – изјави Меси.

За да биде иронијата уште поголема, Санабрија во почетокот на својата кариера беше дел од Ла Масија и вториот тим на Барселона, па поради тоа оваа сцена стана уште поактуелна на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни