Поврзете се со нас

Англија

Поранешен првотимец на Ливерпул открива: Белами го нападна Далглиш, но потоа доби лекција од Џерард

Објавено

на

Крег Белами своевремено важеше за еден од најталентираните напаѓачи во Премиер лигата и поради тоа стигна да настапува за екипи како Манчестер Сити и Ливерпул, со тоа што на „Енфилд Роуд“ имаше две етапи и играше во два наврати.

Поранешниот велшки голгетер беше познат и по својот проблематичен темперамент поради кој често се наоѓаше во неволји надвор од теренот, но беше неизмерно пргав и на теренот, но и во соблекувалните.

Доказ за тоа е последната изјава која ја даде Стјуарт Даунинг, поранешниот англиски репрезентативец и сигурен стартер на Ливерпул во периодот кога Кени Далглиш го водеше тимот во сезоната 2011-12.

Даунинг две сезони го носеше црвениот дрес на Ливерпул, а во тој период, вели дека Стивен Џерард само два пати го загубил трпението, а еднаш било токму со проблематичниот напаѓач.

– Уште пред да играм со Белами, ми беше кажано дека тој знае да ги бира луѓето на кои може да им вика и да им наметнува авторитет. По еден натпревар на кој не доби шанса, го нападна Кени Далглиш во соблекувалната и му викаше зошто не го ставил во игра. Беше убеден дека ќе ни била од корист неговата брзина, а Далглиш само го погледна и му порача да си седне на местото.

– Сепак, тоа не беше се. Потоа на сцена стапи Стивен Џерард. Само двапати го имам видено како ја губи главата, а тогаш му се доближи на Белами и му порача да ја затне е..ната уста. Во тој момент, Белами се стопи. Никогаш немав видено такво нешто. Сите знаеме каков е Белами, знае да биде и смешен, но во тој момент беше замолкнат. Џерард не ни играше на тој меч, но влезе во соблекувалната и му одржа лекција, – открива поранешното лево крило на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни