Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика

Објавено

на

Случајот „Негреира“ отвори нов фронт за вербални препукувања на релација Барселона-Реал Мадрид, а на него се приклучи и поранешниот претседател Жоан Гашпар.

Човекот во чиј претседателски мандат започнала спорната соработка со Жозе Марија Негреира зборувал за случајот, испраќајќи критики на сметка на големиот ривал.

– Ако во Мадрид толку сакаат да зборуваат за етика, прво нека ни ги вратат титулите освоени во Шпанија и Европа во времето на Алфредо Ди Стефано, – вели Гашпар кој алудира на фактот што Ди Стефано своевремено прво потпишал за Барселона, но Реал го добил спорот пред државата и си обезбедил трофеен период на чело со големата ѕвезда.

– Етиката е поврзана со сегашноста, но и со минатото и иднината, да бидеме внимателни кога ја споменуваме, бидејќи некои клубови имаат клупски претставници кои се поранешни судии. Судиите можат да направат грешки како и тренерите и директорите, но не верувам дека некој во Шпанија плаќал за да добива помош од нив, – рекол Гашпар чиј мандат во Барса не е запаметен по добро од фановите.

Во интервјуто тој бил прашан и за своите чувства кон најголемите ривали, Реал Мадрид и Еспањол.

– Гледам непријателски само кон Реал, немам ништо против Еспањол. Би сакал Еспањол да се врати во првата лига, но и Реал да испадне во втората, – вели екс претседателот на Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни