Поврзете се со нас

Англија

Поранешен премиерлигашки судија за инцидентот на Хацидакис со Робертсон: Треба да добие иста казна како Митровиќ

Објавено

на

foto: talksport.com

Ливерпул и Арсенал одиграа без победник во дерби натпреваро во Премиер лигата, средба која донесе и еден необичен инцидент во кој беше вклучен линискиот судија Константин Хацидакис кој со лакт го удри домашниот играч Енди Робертсон.

Ова беше забележано од камерите и сега против Хацидакис е отворена истрага, односно ќе биде „замрзнат“ додека трае истата. Повеќе од јасно е дека помошникот на Пол Тирни ќе заработи санкција, а поранешниот премиерлигашки судија Марк Хелси очекува жестока казна за линискиот арбитар.

Тој смета дека Константин мора да добие иста санкција како ѕвездата на Фулам, Александар Митровиќ кој заработи суспензија од осум средби и 75.000 фунти за близок контакт со арбитарот Крис Каванa на дуелот со Манчестер Јунајтед во ФА Купот.

-Ова се два слични инцидентити, нели? Ако го прогласат за виновен, тој треба да ги сноси последиците на санкција од осум натпревари. Тие го поставија преседанот, зарем не? -порачува Хелси за „Токспорт“.

Судијата кој го удри Робертсон е „замрзнат“, Тирни ќе си бара друг асистент

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни