Поврзете се со нас

Европски првенства

Поранешен премиерлигашки судија: Катастрофални ВАР одлуки на дуелот во Македонија

Објавено

на

Натпреварот меѓу Македонија и Англија во квалификациите за ЕП 2024 донесе многу коментари и реакции и во англиската јавност, а покрај за резултатот и настапот на избраниците на Герет Саутгејт, голема прашина се дигна и за неколку судиски одлуки.

Словачкиот судија Филип Глова беше анализиран и од Марк Халси, доскорешниот премиерлигашки арбитар кој за „Сан“ ги коментирал одлуките на судијата, но и потезите на ВАР собата.

За него најспорен момент е досудениот пенал по стартот на Рико Луис над Бојан Миовски.

– Бев шокиран што ВАР судијата Микал Оценас интервенираше по стартот на Луис над Миовски и што Глова додели пенал за домаќините.

– Судијата го виде стартот во реално време и коректно покажа да продолжи играта. Кога отиде да ја гледа снимката на мониторот, Глова мораше да покаже поголема ментална сила и да остане на својата одлука, но не го направи тоа. За да ја надополни мизеријата за Луис, му додели и жолт картон.

– Изненаден сум зошто Оценас не побара прегледување на снимката по стартот на Мегваер над Елмас, а исто така не ми е јасно зошто толку долго се прегледуваше голот на Грилиш, кога беше јасно дека е офсајд, – истакнал Халси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни