Поврзете се со нас

Англија

Поранешен премиерлигашки напаѓач: Кејн не смее да ја пропушти оваа шанса

Објавено

на

Англиските медиуми вчера објавија дека Хари Кејн официјално го информирал Тотенхем дека ова лето сака да замине во друг клуб.

Веста на денот во Премиер лигата е само потврда за досегашните шпекулации, а јасно е дека Кејн може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи за него се заинтересирани многу клубови.

Поранешниот напаѓач и освојувач на Премиер лигата, Крис Сатон, вели дека Кејн не смее да ја пропушти оваа можност.

– Кејн ќе наполни 28 години во јули и ако клуб како Манчестер Сити навистина го бара, тогаш не смее да ја испушти оваа можност.

– Тој го сака Тотенхем, тоа е јасно, но ако некогаш било вистинското време да замине, тогаш тоа е ова лето. Кога ќе ви заврши кариерата уживате во освоените трофеи, вклучувајќи ги и индивидуалните. Мојата „златна копачка“ од 1998 година стои на полица во домот, сигурен сум дека и Кејн гордо ги чува двете од 2016 и 2017 година.

– Но таму не се складирани најдобрите сеќавања, туку во трофеите освоени со соиграчите. Како на пример, кога ја освоивме титулата со Блекбурн, а јас и Алан Ширер бевме избањати со шампањ додека реализиравме тв интервјуа. Подоцна заминав во Селтик и освои уште многу трофеи, мислам дека и Кејн заслужува такво нешто и тоа ќе го направи горд, – вели Сатон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни