Поврзете се со нас

Балкан

Поранешен предводник на навивачите на Звезда: Сакавме да му ги скршиме нозете на Дражен Петровиќ…

Објавено

на

Поранешниот предводник на навивачката група на Црвена Звезда, Зоран Тимиќ – Тима откри дека малку фалело во минато да му нанесат голема штета на легендарниот Дражен Петровиќ и се само поради тоа што тој бил нерешлига енигма за „црвено-белите“ носејќи го дресот на Цибона.

Навивачите на Звезда поради ова сакале да го „неутрализираат“ Петровиќ, па работата стигнала дотаму да размислуваат да му ги скршат нозете со палки.

-Тогаш Петровиќ беше најдобриот играч на Цибона со која Звезда се мачеше и сакавме да го неутрализираме. Прво сакавме да го исплашиме и да му се заканиме, а потоа да го претепаме. Идеите се повеќе се радикализираа, па дојдовме до точка да му ги скршиме нозете со палки пред важен натпревар против Звезда. Го следевме неколку дена во Загреб, но беше доста тешко, бидејќи тогаш немаше мобилни телефони. Ама ја дознавме неговата рутина, каде оди после тренинг, во кое кафуле седи, каде живее.

-Проблемот беше што никогаш не одеше сам, секогаш беше со девојка или друштво. Се вративме во Белград и се договоривме да го направиме сето тоа кога ќе има решавачки меч со Цибона таа сезона. Но, тогаш веќе загубивме во полуфиналето, па немаше потреба од такво нешто, -открива Тима кој бил лидери на популарните „делии“ во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни