Поврзете се со нас

Германија

Поранешен норвешки фудбалер со коментар за Халанд: Да тој зборува за Јунајтед, но…

Објавено

на

Поранешниот норвешки фудбалер и играч на неколку клубови од Премиер лигата, Јан Аге Фјортофт даде свое видување за ситуацијата со неговиот сонародник и член на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Младиот Халанд игра одлично и во дресот на Борусија и со тоа уште повеќе го привлече вниманието од големите европски тимови.

Голем број заинтересирани клубови за него има и од Англија, па никој не ја исклучува можноста дека еден ден Халанд ќе игра на Островот.

На таков став е и Фјортофт кој сепак изјави дека не верува дека Халанд ќе игра во Манчестер Јунајтед. Сега 51 годишниот Норвежанец истакна дека Халанд размислува и зборува за Јунајтед, но не за Манчестер, туку за Лидс Јунајтед.

– Мислам дека би бил одличен за Ливерпул, тој е доста добар. Тој зборува за Јунајтед и кога зборува за Јунајтед мисли на Лидс Јунајтед, -изјави кратко Фјортофт кој потоа потврди дека смета дека Халанд еден ден ќе игра во Премиер лигата.

– Мислам дека ќе заврши во Англија еден ден, но сега има само 19 години и ќе треба да почекаме да видиме како се развива. Во моментов е на вистинското место, -заврши Фјортофт.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни