Поранешен НБА играч ја предводешe навивачката група на Црвена Звезда

Darko Milicic Navivac

НБА драфтот од 2003 година за многумина е еден од најдобрите во историјата, бидејќи од него излегоа сегашните големи ѕвезди Леброн Џејмс, Кармело Ентони, Крис Бош и Двејн Вејд.

Меѓутоа од друга страна е направена и една катастрофална грешка која засекогаш ќе ја паметат луѓето и навивачите на Детроит благодарение на изборот на втор пик на Дарко Миличиќ пред гореспоменатите асови (со исклучок на Леброн).

Миличиќ воопшто не ги оправда очекувањата и по три години во Детроит мина во Орландо, Мемфис, Њујорк, Миенсота и Бостон за да денеска повеќе не се занимава со кошарка.

А нема да поверувате со што се занимава сега. Тој после кратката кариера во кик-боксот, реши да биде дел од навивачката група на Црвена Звезда, ,,делиии” и тоа не само како обичен навивач, туку човек кој ги предводи ,,делиите”. Тој на вчерашниот натпревар Црвена Звезда со Арсенал, ги водеше ,,Делиите”.

Facebook Коментари