Поврзете се со нас

Италија

Поранешен клуб на Пандев сака да го добие потписот на Миовски

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски ја започна сезоната со Абердин, но останува отворено прашањето дали ќе биде дел од сегашниот тим откако ќе се затвори актуелниот летен преоден рок.

Македонскиот репрезентативец имаше извонредна сезона за шкотскиот прволигаш, постигна 26 гола и со тоа си ја зголеми цената, но и го привлече вниманието на повеќе клубови. Меѓутоа Абердин засега не попушта и додека не ја добие сумата која ја посакува нема да дозволи трансфер на напаѓачот.

Најновата вест е дека Бојан може да заврши во Италија и тоа во некогашниот клуб на Горан Пандев-Џенова. Џенова останува без Матео Ретеги кој се сели во Аталанта и на Апенините се говори дека дел од сумата ќе биде инвестирана за да се донесе токму Миовски.

Абердин бара 6 милиони фунти, сума која не би требало да биде проблем за калчолигашот кој за Ретеги ќе добие 25 милиони евра.

Експресно пронајде напаѓач: Аталанта договори италијански репрезентативец како замена за Скамака

Штипјанецот има 25 години и во досегашната кариера освен во Македонија и Шкотска има настапувано во Унгарија во МТК.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни