Поврзете се со нас

Италија

Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо уште еднаш се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност, а причината за тоа е коментарот за судијата Матео Марченаро, судија кој ја делеше правдата на дуелот Сасуоло-Рома.

Мурињо посочи дека се плаши од судијата и посочи дека истиот  ја нема потребната емотивна стабилност да работи на вакво ниво, па дури и прогнозираше што ќе направи на натпреварот.

Мурињо вели дека се плаши од утрешниот судија и откри што го иритира кај Берарди

На крајот Рома славеше со 2-1 во меч во кој Сасуоло заработи црвен картон, а „волчицата“ имаше и удар од белата точка. Поранешниот италијански арбитар Паоло Казарин смета дека неговиот сонардоник одлично си ја заврши работата, ама во исто време го закачи Жозе порачувајќи дека на такви луѓе не им местото крај аут линијата, поточно да водат клубови.

-Марченаро добро судеше вчера и Рома победи како што знаеме со чист црвен и чист удар од белата точка. Ова се случува на повеќето натпревари, но кога ќе видам голем тренер како Мурињо како кажува одредени работи пред натпревар, нешто не функционира.

-Да се критикува пред нешто да се случи, спомнувајќи работи со слаба вредност, таква слобода не смее да се дозволи. Ова мора да престане, не може да се прави. Овие луѓе не треба да останат на клупата. Голем тренер никогаш не ги прави овие работи, -порачал Казарин.

Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни