Поврзете се со нас

Италија

Поранешен италијански фудбалер: Осимен ќе биде нов напаѓач на Јувентус

Објавено

на

Foto:x.com/Galatasaray

Јувентус направи големи промени во ростерот по доаѓањето на новиот спортски директор Кристијано Џунтоли, а тој процес се очекува да продолжи и претстојното лето.

Италијанскиот клуб може да се одлучи за продажба на Душан Влаховиќ, што подразбира дека мора да ангажира квалитетна замена дури и во случај да го задржи Рандал Коло Муани.

Поранешниот италијански напаѓач, Роберто Пруцо, за медиумите истакнал дека е сигурен оти Виктор Осимен ќе се врати во Серија А и ќе го носи дресот на „бјанконерите“.

Пруцо е поранешен фудбалер на Рома, а во една емисија истакнал дека има сигурна информација за трансферот на Нигериецот, чиј матичен клуб во моментов се уште е Наполи.

– Знам дека следен напаѓач на Јувентус ќе биде Осимен. Сигурен извор поврзан со неговите агенти ми го кажа тоа на неодамнешната средба во Фиренца. Убедени се дека ќе се пресели во Торино, – истакнал Пруцо.

Летото ќе биде интересно за фановите на „црно-белите“ и тоа не само поради настапот на Светското клупско првенство, туку и поради очекуваните промени во ростерот, во кој можеби следната сезона ќе го нема Влаховиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни