Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Тотенхем: Ако Кејн оди кај нив, ќе бидат незапирливи

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Мајкл Досон упати само пофални зборови до сегашниот капитен на „петлите“, Хари Кејн чие име се поврзува со трансфер во редовите на Манчестер Сити.

Дел од англиските медиуми вчера пренесоа дека „граѓаните“ се сериозно заинтересирани да платат високо обесштетување со цел да го ангажираат Хари Кејн.

Досон посочи дека Манчестер Сити би бил недопирлив доколку успеат некако да дојдат до потписот на напаѓачот од кој Тотенхем тешко дека ќе се откаже.

– Ако Манчестер Сити го донесе Хари Кејн, веднаш ќе си помислите дали некој може да им се доближи? Тој е голгетер и навистина ми се допаѓа, а се надевам и дека ќе остане, но ако има вакви бројки како што се вртат в јавноста, тој би можел да замине.

– Отсекогаш велев дека за некој да го земе Кејн требад а плати многу пари, а го знам Даниел ЛЕви и знам дека секој играч кај него има цена. Еднаш реков дека 150 милиони фунти би биле доволно. Но во моментов има само еден или два клуба кои можат да си го дозволат. Манчестер Сити изгледа како тим кој може да си го дозволи. Тие имаат огромна моќ и ако сакаат некој играч ќе разговараат со него, затоа што на крајот, парите зборуваат, -изјави Досон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни