Поврзете се со нас

Италија

Поранешен играч на Рома, Милан и ПСЖ стави крај на кариерата на 37-годишна возраст

Објавено

на

Единаесет клубови и дваесет години подоцна откако ја започна професионалната кариера, поранешен француски репрезентативец одлучи да стави крај на својата кариера.

Се работи за Жереми Менез, човекот кој преку Сошо и Монако стигна во Италија, каде прво го носеше дресот на Рома.

Менез подоцна се пресели во ПСЖ со кого освои и две титули, единствени во неговата кариера, а Милан беше последниот поголем клуб во кариерата.

Подоцна Французинот играше и во Турција и Мексико, настапуваше и за тимови како Реџина и Бари, за денеска да потврди дека веќе нема да бара нов ангажман.

Менез најавил дека сака да биде тренер и ќе почне да работи со помладите категории.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни