Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен играч на Реал: Винисиус ќе погреши ако планира да се „закача“ со Флорентино

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Шпанските медиуми тврдат дека агентите на Винисиус ги поставиле условите на фудбалерот за продолжување на договорот со Реал Мадрид, а основата на истите е многу поголема плата за Бразилецот.

Топката сега е префрлена на раководството на Реал, кое треба да одлучи дали ќе го направи Винисиус најплатен играч во екипата, или пак ќе прифати евентуална понуда од Саудиска Арабија.

Шпанскиот клуб и неговиот предводник Флорентино Перез не сакаат да ги прекршуваат своите основни принципи во однос на финансиските услови и прашање е дали ќе ги прифатат бројките поставени од агентите на Винисиус, додека истовремено најавената понуда од Саудиска Арабија допрва би била официјализирана. Дел од јавноста смета дека агентите на Бразилецот ја користат „понудата“ од азиската земја како аргумент за изнудување подобар договор за својот клиент.

Поранешниот голман на Реал, легендарниот Пако Бујо зборувал на оваа тема пред новинарите на промоција на книга и упатил предупредување до крилниот напаѓач.

– Можеби е ова е нивна стратегија за да добијат потежок договор. Сепак, според мене ова е погрешен пристап, бидејќи никој не смее да го предизвикува Флорентино Перез.

– Ако заканата е трансфер во Саудиска Арабија, тогаш тоа нема да биде лош потег на Реал Мадрид со оглед на засилувањата кои може ги донесе со тие пари. Ако сака да замине, нека му е со среќа, но треба да запамети дека никој не останува ист фудбалер откако ќе го напушти Реал, – рекол Бујо, кој настапуваше за кралкиот клуб меѓу 1986 и 1997 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни