Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен играч на Реал: Требаше да го крстам мојот син по Турам

Објавено

на

blank

Педро Мунитис во овој момент работи како тренер во шпанскиот клуб Бадахоз, но во изминатите 15 дена, посебно се најде во фокусот на јавноста поради една изјава која ја даде легендарниот Лилијан Турам.

Светскиот и европски шампион со Франција откри дека Мунитис е играчот од кој и ден денеска има кошмари, но и противникот од кого има закачено слика во својата соба. Причина за тоа е фантастичното издание на Мунитис во дуелот против него на натпреварот меѓу Шпанија и Франција на Европското првенство во 2000-та година, турнир кој подоцна го освоија „триколорите“.

Две седмици по ваквата изјава на Турам, Мунитис одлучи да му одговори на Французинот, а поранешниот играч на Реал Мадрид вели дека поради големиот број на повици, требал да го крсти својот новороден син по легендарниот стопер.

– Пред 15 дена одново станав татко и тоа се поврза со низата на пораки и повици кои ги добив за изјавата која ја даде Турам. Тоа беше вистинско лудило, добив толку многу пораки и повици за таа изјава, требаше да го крстам мојот син по него. Што се однесува до натпреварот за кој тој зборува, беше навистина специјален. Тоа е мојот најголем меч во кариерата, не само поради што ја претставував селекцијата на голем собир, туку и поради тоа што играв против таков дефанзивец.

– Тоа беше најдобриот мој индивидуален натпревар, но не е тимски бидјеќи на крајот загубивме, – вели Мунитис кој вели дека токму поради овој натпревар, направил и трансфер во Реал Мадрид во 2000-та година.

– Сите мислат дека Реал ме купи зошто со Расинг ги победивме 2:4 на „Бернабеу“, но тие ме купија поради моето издание против Турам и партиите на Европското првенство, – открива поранешното шпанско крило за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни