Поранешен играч на Ливерпул најави „трансфер бомба“: Верувам дека Мане ќе замине во…

sadio-mane

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Сисоко изјави дека верува дека еден од најдобрите светски фудбалери, Садио Мане наскоро би можел да го напушти „Енфилд“.

Според Сисоко, Мане перфектно се вклопува во замислите на Зинедин Зидан и токму затоа тој верувал дека Сенегалецот наскоро ќе направи трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

– Го гледам Мане во Реал Мадрид. Тој има карактеристики кои Зинедин Зидан ги сака и верувам дека тој ќе замине во Реал Мадрид. Не знам ни дали Салах ќе остане во Ливерпул, но сметам дека неговото заминување би било добро за тимот. Ливерпул го водат паметни луѓе и ќе знаат како да го заменат, -изјави Сисоко кој од 2005 до 2008 година го носеше дресот на Ливерпул.

Facebook Коментари