Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Ливерпул: Мразев да играм со Џерард, тој имаше поголема моќ од Бенитез

Објавено

на

Foto:twitter.com/Ettifaq_EN

Стивен Џерард речиси цела своја играчка кариера му ја посвети на Ливерпул и долги години беше капитен на првиот тим, но во походот кон големи успеси, знаел да поставува и многу високи стандарди за своите соиграчи.

Тоа го открива поранешниот соиграч Џермејн Пенант, кој во последниот разговор за „ТокСпорт“ открива дека повеќе се плашел од Стиви Џи, отколку од тогашниот менаџер Рафаел Бенитез.

Поранешното крило потенцира дека Џерард поставувал највисоко стандарди и имал најголеми барања и на тренинзите, порадишто не ни сакал да биде дел од неговиот тим.

– Стивен Џерард беше лидер во секој поглед и кога работите ќе тргнеа наопако, тој го носеше тимот на свој грб, ги собираше сите соиграчи како војници и кажуваше што има на ум.

– Тој беше гласен во соблекувалната, пред натпреварот, после натпреварот, дури и на натпреварите на тренинзите. Мразев да бидам дел од неговиот тим на тренинзите. Повеќе се плашев од него, отколку од менаџерот Бенитез. Гледав на него како да е менаџер, тој имаше толку голема моќ во Ливерпул, – открива Пенант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни