Поврзете се со нас

Франција

Поранешен играч на Ливерпул и ПСЖ се раздели со клубот поради инцидент со тренерот

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/mamadousakho

Францускиот прволигаш Монпелје во иднина нема да смета на искусниот Мамаду Сако, а како последица на неговиот инцидент и конфликт со тренерот на екипата.

Минатата недела искусниот фудбалер влегол во клинч со тренерот Мишел Дер Закаријан, по што било донесена одлука тој да го раскине договорот со Монпелје.

– По инцидентот кој се случи минатата недела во тренинг центарот и за кој одбивам да преземам одговорност, решив да го напуштам клубот.

– Мора да знаете како да станете од масата кога веќе не се сервира почитувањето, – напишал Сако на социјалните мрежи.

Дефанзивецот дојде во Монпелје од Кристал Палас, а претходно го носеше и дресот на клубови како Ливерпул и ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни