Поврзете се со нас

Лига Европа

Поранешен играч на Ливерпул го тролаше Јунајтед од теренот во Гдањск: Никогаш нема да одиш сам (Видео)

Објавено

на

Големото финале во Лигата на Европа кое се одигра во Гдањск понуди навистина возбудлива и неверојатна пенал серија, во која на крајот вистински трагичар беше Давид Де Хеа кој беше приморан да изведува удар од 11 метри откако претходно не одбрани ниту еден удар.

Де Хеа и Рули не одбрани ниту еден удар цели 10 серии, па во 11-та, редот им дојде на нив и како поуспешен се покажа чуварот на мрежата на Вилјареал кој биеше силно, а потоа го прочита својот колега од спротивната страна и се претвори во јунак на финалето.

Унаи Емери по четврти пат стигна до трофејот во Лигата на Европа во својата кариера и тоа го направи во првата сезона како лидер на „жолтата подморница“, а со оглед на тоа што станува збор за прва титула во историјата на клубот, еуфоријата и емоциите на теренот навистина беа големи.

Поискусните играчи како Дани Парехо и Раул Албиол беа навистина прибрани и трофејот му го посветија на претседателот Роиг кој не можеше да присуствува на финалето поради болест, но од друга страна, еден поранешен член на Ливерпул го привлече вниманието на социјалните мрежи.

Алберто Морено доби шанса во завршницата од финалето и успешно го реализираше својот пенал, а потоа од теренот во Гдањск го тролаше Јунајтед и ги воодушеви фановите на Ливерпул: Никогаш нема да одиш сам, никогаш нема да одиш сам, – порача левиот бек кој потсети на големото ривалство меѓу големите англиски клубови додека ја славеше титулата со Вилјареал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни