Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Ливерпул: Евертон ќе стагнира со Бенитез, Џерард беше наш вистински менаџер

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, не е оптимист за Евертон по назначувањето на Рафа Бенитез за менаџер и откри детали од соблекувалната на „црвените“, каде според него, најголемиот товар го носел Стивен Џерард.

Пенант вели дека различни фудбалери може да имаат различни мислења за шпанскиот стручњак кој го водеше Ливерпул меѓу 2004 и 2010 година, но тој не очекува да му донесе напредок на Евертон.

– Во моите очи Бенитез не беше голем човек-менаџер, му недостасуваа одредени квалитети.

– Чувствував дека е тешко да му се приближиш, да имаш конверзација за одредена работа во врска со играта. Како да му го оставаше тој дел од работата на Џерард.

– Посебно на важните натпевари, на пример ако по првиот дел не ни одеше како што треба, од него не слушавме викотници и совети што да направиме. Стивен беше тој кој се обидуваше да ги коригира работите, Џерард беше играч-менаџер.

– Не очекувам Евертон да напредува под негово водство, – вели Пенант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни