Поврзете се со нас

НБА

Поранешен играч на Лејкерс ги продава шампионските прстени за да и помогне на Украина

Објавено

на

Сите оние кои редовно ги пратат случувањата од НБА лигата дефинитивно се сеќаваат на Станислав Слава Медведенко, човекот кој беше дел од шампионската генерација на Коби Брајант и Шекил О’Нил во Лос Анџелес Лејкерс, тим со кој освои два прстени во 2001 и 2002 година.

Слава веќе долго време е пензиониран, но и понатаму е активен, актуелен особено во овие тешки времиња за неговата Украина. Некогашниот центар на „езерџиите“ се реши да ги продаде своите прстени се со цел да се соберат средства за помош на неговата татковина која веќе некое време е во воен конфликт со Русија.

-Сакаме да ги обновиме спортските сали бидејќи руската армија бомбардираше повеќе од сто училишта. На нашата земја и требаат многу пари за да се поправат училиштата. Спортските теретани ќе бидат последни во редот за тоа. Во Украина имаме зима и децата треба да играат внатре, -вели Медведенко чии прстени на аукција се очекува да обезбедат најмалку по 100.000 американски долари.

Украинецот воедно откри дека се решил за овој потег откако се качил на една од највисоките згради во неговата населба во Киев и гледал ракети лансирани од руските сили како летаат низ ноќното небо.

-Во овој момент решив: „Зошто ми се потребни овие прстени ако седат само во мојот сеф?“. Признавам дека можам да умрам. Си кажав дека морам да ги продадам за да им покажам на луѓето лидерство, да му помогнам на мојот украински народ да живее подобро, да им помагнам на децата, -истакна Станислав за „Асошиетед прес“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни