Италија
Поранешен играч на Лацио и Интер призна дека ја изневерил сопругата со Ванда: Икарди и Нара немаат срце

Драмата меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара веќе се провлекува некое време, но бидејќи дел од приказната станаа и трети лица, нивниот проблем почна да засега и други семејства.
Фамозната двојка првпат се раздели во 2021-ва година и брзо следеше примирје кое привлече големо внимание за „жолтиот печат“, но Икарди и Ванда сега и дефинитивно се разделени и обострано се обвинуваат за неверства.
Во целата ситуација е вклучен и Кеита Балде кој играше за Лацио и Интер во Серија А, фудбалер кој сега јавно реши да признае дека направил огромна грешка што ја изневерил својата сопруга Симоне Гуатиери со Ванда Нара.
– Неверство е збор кој навистина гори и пече. Тоа беше најголемата грешка во мојот живот, ја изневерив љубовта на мојот живот. Таа ја заслужува сета љубов и цела почит во светот. Сакам да преземам апсолутна одговорност и да останам повлечен во јавноста, бидејќи овој проблем го повредува моето семејство.
– Јавната игра на Икарди и Ванда не сакам да биде дел од мојот живот. Свесен сум за грешката која ја направив, не ги обвинувам целосно нив, но тие се свесни дека има и деца во целата оваа приказна. Начинот на кој си играат покажува дека немаат срце. Се чувствував посрамотено за грешката која ја направив, но ќе се борам како лав моето семејство да не биде повредено. Симона е единствена жена која некогаш ќе ја сакам, до крајот на мојот живот, – вели Кеита Балде во обраќањето за италијанска „Канал 5“.
-
Свет15 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија9 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Италија16 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Шпанија16 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Италија14 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија13 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет13 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)
-
Балкан15 часа
Циркус во студиото по големото хрватско дерби: Бесниот Гатузо влезе во жесток клинч со контроверзниот Јеличиќ (Видео)