Поврзете се со нас

Германија

Поранешен играч на Клоп за неговиот нов ангажман: Направи голема глупост и ме шокираше

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп реши фудбалски да се реактивира, но не како тренер, туку прифати да ја преземе најодговорната функција во фудбалските секции на гигантот „Ред Бул“.

Познатата групација има мнозински акции во неколку клубови и ги води спортските проекти во Лајпциг, Салцбург, Њујорк и Лидс, а Клоп во иднина ќе биде глобален директор за фудбал на Ред Бул.

Искусниот германски стручњак предизвика многу реакции и заработи многу критики бидејќи решил да соработува со компанијата која раководи и со РБ Лајпциг, а на ваков став се и речиси сите фанови на неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд.

Последната реакција доаѓа од Кевин Гроскројц, фудбалер кој добар дел од кариерата помина во Борусија и под водство на Клоп освои две бундеслигашки титули.

– Се разбудив и видов 30 пораки на телефонот, што нормално ме исплаши и се прашував што се случило.

– Првично и јас мислев дека се работи за лажна вест, но после два часа веста беше официјализирана. За мене тоа беше шокантно и тажно, се уште не можам целосно да поверувам. Никој не може да го разбере овој потег и јас самиот не можам да најдам соодветно објаснување.

– Клоп останува мој голем пријател на кого му должам многу, но како фудбалски фан мислам дека направи глупост. Тоа ќе му го кажам и кога ќе се видиме, – изјавил Гроскројц.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни