Поврзете се со нас

Италија

Поранешен играч на Јувентус назначен за нов тренер на Фиорентина

Објавено

на

foto: x.com/acffiorentina

Калчолигашот Фиорентина го пронајде наследникот на Винченцо Италијано кој ја водеше екипата во изминативе три години.

Под негово водство „виолетовите“ играат во три финалиња, три финалиња кои ги загубија, па едноставно стана јасно дека тука некаде ќе биде и крајот на соработката.

Клубот се впушти во потрага по ново лице и истото го најде во Монца од каде доаѓа наследникот на Италијано-тоа е 40 годишниот Рафаеле Паладино.

Паладино добро ја водеше Монца во изминативе две сезони и со тоа секако си овозможи „трансфер“ на „Артемио Франки“ до 2026 година.

Интересно е тоа што Рафаеле е поранешен играч на Јувентус, а добро знаеме колку „виолетовите“ се сакаат со клубот од Торино и дефинитини ќе биде интересно да се види како ќе биде прифатен од навивачите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни