Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Јунајтед: Кројф и Барселона ме барале, а клубот не ме информирал

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/lsharpey5

Ли Шарп беше дел од генерациите кои работеа успешно и освојуваа трофеи под водство на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, а сега открил дека подоцна од вообичаеното добил информација дека за него се интересирала Барселона.

Шарп настапуваше за Јунајтед меѓу 1988 и 1996 година и освои три премиерлигашки титули, а од Жорди Кројф дознал дека долго време бил посакувано засилување за неговиот татко Јохан Кројф во Барса.

– Еднаш разговарав со Жорди Кројф во џакузи и тој ме праша зошто не сум одлучил да ја прифатам понудата на Барселона.

– Јас се чудев и му реков дека не знам за што зборува, никогаш не ми се појавило такво нешто како опција.

– Ми кажа дека долго сум бил на врвот на посакуваните засилувања на неговиот татко. Според Жорди, Барселона исконтактирала со Јунајтед, но мојот клуб никогаш не ми ја пренел информацијата. Којзнае што ќе се случело ако дознаев навреме, – вели Шарп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни