Поврзете се со нас

Свет

Поранешен играч на Јунајтед и ПСЖ потпиша за Бока Јуниорс

Објавено

на

Фото: https://x.com/BocaJrsOficial

Аргентинскиот клуб Бока Јуниорс официјално го потврди договорот со искусно фудбалско име и поранешен играч на неколку големи европски клубови.

Се работи за Андер Ерера, фудбалер чиј договор со Атлетик Билбао истече неодамна, а сега прифатил нов интересен предизвик во кариерата.

Ерера е поранешен играч на клубови како Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а на 35-годишна возраст прифатил договор според кој ќе настапува за Бока до крајот на 2026 година.

Шпанецот во редовите на аргентинскиот великан ќе соработува со неколку поранешни соиграчи, откако со Рохо и Ромеро играше заедно во Јунајтед, додека Кавани му беше соиграч во ПСЖ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни