Италија
Поранешен играч на Интер ќе ја спасува Парма од испаѓање

Парма влезе во лоша резултатска серија и седумте натпревари без победа направија да видиме реакција од страна на раководните структури на клубот, кои вчера со тешко срце му врачија отказ на Фабио Пекија.
Тренерот кој доби нов договор во месец октомври сигурно не очекуваше брзо да ја заврши својата авантура на „Енио Тардини“, но падот на тимот во опасната зона ги натера одговорните луѓе да одлучуваат без емоции и рационално.
Парма како клуб вчера му се заблагодари на Пекија, а многу брзо ја пронајде и неговата замена, која ќе биде Кристијан Киву.
Најугледните италијански новинари со фото-вести информираа дека Киву веќе пристигнал на потпис во Парма, па за очекување е информацијата да биде потврдена официјално во наредните неколку часа.
Поранешниот дефанзивец на Интер до минатото лето работеше во Примавера тимот на „нераѕурите“, а сега Романецот ќе го има и првото искуство како тренер во Серија А.
🚨 Esclusiva 🚨
Cristian #Chivu è in città: la prima immagine del nuovo allenatore del #Parma. Riparte dall’ex #Inter il dopo Pecchia pic.twitter.com/4Iqxsq6fZP
— Guglielmo Trupo (@guglielm87) February 17, 2025
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет16 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија14 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Свет15 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!