Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Челси со интересен коментар: По мене, Кепа е најлошиот фудбалер на клубот…

Објавено

на

Иако многумина веруваа дека Кепа Аризабалага ќе се подобри оваа сезона, како што стојат работите тоа изгледа нема да биде случај.

Шпанскиот голман одигра уште еден катастрофален натпревар и директно „кумуваше“ за победата на Ливерпул на „Стемфорд Бриџ“ кога му ја даде топката во нозе на Садио Мане кој и да сакаше не можеше да погреши од позицијата во која се најде.

Реакција на настапот и општо целиот престој во Челси на Кепа Аризабалага, даде и поранешниот играч на овој клуб, Крис Сатон.

– Боже да потрошите богатство за нападот, но ако вашиот голман не е добар, тогаш во што е поентата на толкаво трошење пари?

– Кепа го чинеше Челси 72 милиони долари, но никогаш не докажа дека е вреден да биде најскапиот голман во светот. Во секој негов нов предизвик тој само се етаблира како најлошото засилување на Челси во премиерлигашката ера.

– Можеби најлошото засилување на клубот по мене, кога ме платија 10 милиони фунти. Пристигнав на „Стемфорд Бриџ“ за тогаш големи пари. Тогаш не ми одеше, па една година бев продаден во Селтик за шест милиони фунти.

– Тоа се случува во фудбалот, некогаш мора да си заминете. Може да ги споменеме и Фернандо Торес кој чинеше 50 милиони фунти и Андриј Шевченко кој чинеше 30 милиони фунти. Но, Кепа не победува сите. Голот на Садио Мане покажа дека тој примил 11 од 16 удари кои се уаптени кон него, -напиша Сатон во колумната на „Дејли Мејл“.

Сатон стигна во Челси како прославен напаѓач, но во клубот запиша само три погодоци на 29 настапи и веќе следната година беше продаден во Селтик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни